Monday, March 27, 2017

На канонизацијата, првпат ќе бидат изложени моштите на Кипријан Слепчански

Првпат по 237 години од трагичното упокојување, на 30ти април, на денот на канонизацијата , јавно ќе бидат изложени мошти од монахот Кипријан Слепченски. На сите верници што ќе присуствуваат на чинот на канонизирањето, манастирот ќе им поклнува памукче помазано од моштите на Кипријан.


Моштите на монахот Кипријан пронајдени се пред неколку години во дворот на манастирската црква при изведувањето на некои градежни работи и се чуваат во истото сребрено ковчеже кое се спомнува во записите на Висарион и е пронајдено при истите градежни изведби. Бојата на моштите е невообичаено темна што е најоригинален показ дека Кипријан бил мачен и жив запален на Велигден во 1780 година.


No comments:

Post a Comment